Caffetin menstural
Caffetin menstural е апликација наменета за женскиот дел од корисниците на Android điện thoại thông minh-и. Таа пред се треба да служи како помошно средство за следење на менструалниот период на жената и водење на сопствена евиденција. Овозможено е користење на календар за визуелизација на кој може да се обележат сите работи поврзани со циклусот и овулацијата на жената, како симптоми, расположенија, забелешки, користење на таблети за намалување (неутрализирање) на болка и сл. Освен календарот, можно е и водење на дневник за менструација, плодност и овулација, како и водење на месечна и неделна статистика и вршење на споредби. Апликацијата лесно може да се сподели на социјалните мрежи, како и да се врши рангирање на Google Play.